СЕКОЈ ДЕН ОД 9:00 ДО 20:00 ЧАСОТ

Нови Трендови


Мезотерапија

Мезотерапија е техника при која се користи мала игла (со димензии 0,4 - 0,6 см) со чија помош во мезодермот (слој кој е ...

повеќе

Хемиски пилинг

Се работи за медицински третман при што се користи раствор од соодветна киселина која се нанесува на кожата.Може да се к...

повеќе

Специјалистички кожни прегледи и терапија

За дерматолошки и естетско-корективни проблеми, тим од врвни дерматолози врши прегледи, консултации и интервенции секој ден од 9 до 20 часот.

Лекување на акни

Едно од најчестите заболувања кое ги зафаќа скоро 80% од адолесцентите, како и голем број возрасти од двата пола. акне вулгарис

Компјутеризирана дерматоскопска дијагностика на младежи

Компјутеризираната дерматоскопија е неинвазивна, дијагностичка метода која се користи за дијагноза на пигментни кожни лезии при која се врши длабинска проценка на структури кои не се гледаат на преглед.

Радиобранова терапија, криотерапија

Радиобрановата терапија е атрауматски метод на сечење и коагулација на меките ткива. Тоа е постапка со која ткивото се отстранува или уништува со помош на радиобранова енергија.

Дијагностика и третман на периферните крвни садови

Компјутеризирана доплер ултрасонографија или ехо на крвни садови е дијагностичка метода со која се овозможува визуелизација на протокот и функцијата на периферните крвни садови (артериските и венските крвни садови).

Алерголошки тестирања

Алерголошкото терсирање овозможува откривање на причинителот на алергиските заболувања.

Дијагностика и третман при опаѓање на коса

Трихограм е дијагностичка процедура на микроскопска анализа на корените и структурата на влакната.

Дијагностика и третман за сексуално преносливи инфекции

Во ординацијата др. Анчевски се користи широка палета на тестови за дијагностицирање на болести кои се пренесуваат по сексуален пат и се применува современа терапија за нивно лекување.

Лабораторија, микроскопско дијагностицирање на габични заболувања

Микроскопско дијагностицирање на габични заболувања на кожата со нативен препарат, по потреба садење на култура, хистопатолошка верификација на кожни заболувања, микроскопска дијагноза на сексуално преносливи болести.

PUVA терапија

Терапија со зраци од вештачки извор на светлина од спектарот на УВА и локална примена на хемиски фото сензибилизатор што го зголемува приемот на зраците во кожата.

Озонотерапија

Озон е облик на кислород со една нестабилна врска. Од таму е неговата голема реактивност но и неможност да се складира. Затоа откако ќе се произведе озонот мора веднаш да се употреби.

Дерматохирургија

Во ординација “Д-р Анчевски” во секое време Ви стојат на располагање врвни пластични хирурзи за дерматохируршки интервенции.