СЕКОЈ ДЕН ОД 9:00 ДО 20:00 ЧАСОТ

Нови Трендови


Мезотерапија

Мезотерапија е техника при која се користи мала игла (со димензии 0,4 - 0,6 см) со чија помош во мезодермот (слој кој е ...

повеќе

Хемиски пилинг

Се работи за медицински третман при што се користи раствор од соодветна киселина која се нанесува на кожата.Може да се к...

повеќе

Корективна козметика

Колку жените за убавина и беспрекорен тен биле спремни да патат, сведочат и некои трагични приказни од историјата на декоративната козметика, за намерното крварење за да изгледаат бледолико или нанесување на подлога со оловни бои, жива или арсен, кои предизвикувале смртоносни симптоми за нив самите.Во ренесансна Италија, поради ,,јадење,, на пудра во прав која содржела траги од арсен, умреле стотици мажи.
И на англичанките во 18 век не им било лесно. Во тоа време бил пропишан закон според кој секоја жена која намерно ќе го излаже својот маж со примена на шминка заради брак, била строго казнувана, а бракот бил поништуван.
Наша среќа што денешните мажи можат да уживаат во благодетите на женската убавина и безопасните револуционерни решенија на козметичката индустрија.
Кожата е наша единствена одбрана од штетните влијанија на околината и истовремено непосреден показател на нашето здравје.
Многубројните привремени или трајни кожни промени, како што се акни, витилиго, црвенило, можат да го нагрдат лицето и да предизвикаат да не се чувствувате ,,пријатно,, во сопствената кожа.
Постојат повеќе лаборатории во светот чија грижа е да го подобрат животот на луѓето со вакви кожни проблеми.
Лабораторијата Vichy за брзо и совршено прекривање на поголемите кожни промени ја развиле корективната козметика  Dermablend.Vichy dermablend  е прва флексибилна текстура која прекрива и создава совршен тен во текот на 12 часа. Во потполност ги прекрива проширените и локализираните недостатоци на кожата.Со 40% пигменти ги прекрива сите поголеми неправилности на кожата, како- витилиго, ангиом, купероза, розацеа, акни подочници, пореметувања во пигментацијата, посоперативни лезии, лузни, изгореници.
Coverderm
е дермокозметички бренд чии производи заживеале уште во средината на минатиот век во САД. Оваа корективна прекривна дермокозметика се случила како решение за сите оние кои поради неестетските знаци на лицето и телото не биле во можност да водат нормален живот без пречки и непријатности.Лузните, трагите од изгореници, вродените знаци на лицето и телото, симптомите на псоријаза, витилиго, дисколорација, неправилна хиперпигментација, сите тие, едноставно и сигурно можат да се прекријат со Camouflage производите.Постојат две линии на производите Coverderm, првата е camouflage линијата, која содржи производи за прекривање на потешките и полесните несовршености на лицето.Оваа линија е изработена  врз база на минерални пигменти, пчелин восок, алантоин и билни екстракти.Vanish линијата е наменета за црвенило и куперози на кожата. Врз база на MDI кој е добиен со висока биотехнологија и со витаминот К.
Во камуфлажната терапија, златно правило е црвенилото се неутрализира со зелени пигменти, виолетовите подочници со жолти пигменти,  сините подливи и модрици со портокалови пигменти, а кафените точки на лицето најдобро се коригираат со фотоадаптивни пигменти со восока концентрација на микронизиран титан диоксид. 

 



назад кон сите совети